Вчера околу 07.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атар на с.Шлегово, кратовско, трактор „имт“ без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(68) од с.Шлегово излетал од патот.
На местото на несреќата возачот А.Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Кратово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.