Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско и малолетник од с,Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”.

По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04:00 часот на ул. „Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект.

На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање.