Судија од американската сојузна држава Џорџија денеска го објави конечниот извештај на специјалната голема порота за обвиненијата против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот наводен обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година во таа држава.
Извештајот бил запечатен девет месеци и содржи препораки до обвинителите, објави Ројтерс.
Агенцијата објави дека документот може да покаже дали поротниците сметале дека е неопходно да се обвинат дополнителни сојузници на Трамп, покрај оние кои веќе се соочуваат со обвиненија.