На скалата од еден до десет, македонската економија од технолошки апсект засега е рангирана на трето ниво.
Само големите и средните претпријатија се подготвени да се соочат со конкуренцијата и со барањата на европскиот пазар.
Останатите, до членството на земјава во ЕУ, ќе мора да поработат на стандардите и процедурите ако сакаат да извезуваат, порача денеска Стопанската комора.
Поради вакавата ситуацијата, Комората ќе бара пролонгирање на роковите за стандардите кои нашите компании мора да ги имплементираат до пристапувањето.
Како што беше речено на прес-конференција, посебно засегнати во овој сегмент се агро-секторот, металната индустрија и металургијата кои мора да задоволат голем број еколошки стандарди.
Комората најави дека ќе бара од ЕУ и постепено отворање на европските пазари и фондови, зголемување на фондот за конкурентност и иновативност, како и дополнителни вложувања од Европската комисија во инфраструктурните проекти, но истовремено и надзор, за да се избегнат сите малверзации и бавни реализации.
Потребно ќе биде постепено прилагодување на нашите компании за да може да ги исполнат сите барања, стандарди и процеси до денот на пристапување на земјава во европското семејство.
Конкурентноста треба да се подигне во целина, а домашните компании мора да имплементраат нови технологи и стандарди што за нив не е толку едноставен процес. Затоа се овие дополнителни барања.
Во процесот на пристапување за секоја земја има рамка со конкретни барања и не се поставува воопшто прашањето дали тие треба или не треба да се исполнат.
Едноставно, барањата мора да се имплементираат. Ние ќе бараме пролонгирање на роковите за воведување на одредени стандарди, ќе се обидеме да делуваме на пролонгирање на роковите за имплементација.
Роковите ќе се разгледуваат засебно, поради спецификите на секоја бранша, а најдиректно засегнати ќе бидат агросекторот, металната индустрија и металургијата, кои ќе мора да задоволат голем број еколошки стандарди, истакна Јадранка Аризанковска од Комората.
Постепеното отворање на фондовите, напомена Аризанковска, е од исклучително значење.
-Условите под кои работат нашите и европските компании, не се исти, особено во рамките на единствениот европски пазар.
Постепеното отворање под исти услови и за македонските компании го бараме зашто нашата економија има потреба од постепено прилагодување за влез на тие пазари.
Сметаме дека за исполнувања на сите ЕУ барања и имплементацијата на регулативата која ќе ни биде поставена како услов, ќе има финансиски импликации врз компаниите.
Затоа го бараме отворањето на дополнителните фондови кои ќе бидат од исклучително значење за бизнисот.
Свесни сме дека од технолошки аспект македонската економија е рангирана од ниво – еден до десет некаде околу три.
Значи, потребно е големо вложување во нови технологии и прилагодување кон индустријата „5.
0“ која се применува во Европската комисија, а тоа значи задоволување на одредени стандарди од аспект на екологијата особе