“Северна Македонија тој ја води, го следиме патот по кој тој оди” – се првите стихови од песната за премиерот Димитар Ковачевски што познатиот лингвист Арменд Нухиу од Тетово ја објави на својот профил на социјалните мрежи.
Понатаму песната продолжува: “Европа и САД се пријатели наши, нас Русија не не плаши!”. Последниот стих од песната, пак гласи: “Просперитет и успеси се неговата слика, Северна Македонија од среќа блика!”
Целата песна за премиерот Ковачевски следува во продолжение:
Северна Македонија тој ја води,
Го следиме патот по кој тој оди.
Европа и САД се пријатели наши,
Нас Русија не не плаши!
Просперитет и успеси се неговата слика,
Северна Македонија од среќа блика!✊️🤜💪🇲🇰
Со оглед на катстрофалниот рејтинг на Ковачевски, на Владата во целина, како и на неговата партија СДСМ, веројатно оваа песна е уште еден начин кој го користат граѓаните да ги исмеат сите скандали, потфрлања и неуспеси на власта.