Во случај во кој има сериозни индиции за непотизам во Македонски Телеком сопругатана генералниот директор Никола Љушев, Наташа, станала една од главните менаџериво компанијата во која свој удел има владата која поставува и свои членови на управен одбор, пишува денеска Експрес.мк

Наташа Љушева за која веќе имаше еден скандал пред 3 години кога била вработена во Службата за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници сега е главен менаџер на секторот Дигитализација односно станала еден од најважните десет менаџери во компанијата која има промет од стотици милиони евра.

Наташа е сопруга на Никола Љушев главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Извори во компанијата тврдат дека Наташа Љушева нема ниту соодветно знаење,  ниту искуство за да стане еден од главните менаџери во Македонски Телеком. Од таму обвинуваат дека се работи за класичен непотизам и тврдат дека ако нејзиниот сопруг не е генерален директор таа ќе има проблем да стане и шеф на продавница на компанијата.

Наташа Љушева била унапредена заедно со уште неколку директори во последните промени во Телеком кога биле ,,исчистени” старите кадри на Заев и се поставени луѓе блиски на актуелниот лидер на СДСМ Ковачевски. Љушев минатата година направи чекор за кој има сериозни индиции за прекршување на законот за што се уште трае истражувањето на expres.mk кој се консултира со централата на Телеком и домашни правни и телекомуникациски експерти.

Никола Љушев е близок на премиерот Ковачевски со кого неодамна беа во посета на седиштето на Дојче Телеком кој е сопственик на Македонски Телеком.

Инаку, во 2020 година порталот Лидер покрај за Наташа Љушева објави и за други сопруги и роднини на директори во Телеком кои се вработени во најмоќната фирма во Македонија: Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.