Ние членовите на унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ како основоположници и учесници во создавањето на самостојна Република Македонија и втемелувачи на ВМРО-ДПМНЕ, обединети и едиствени ја изразуваме нашата безрезервна подршка во политиките и лидерството во водењето на партијата од страна на претседателот Христијан Мицкоски. Во овие можеби најтешки историски времиња за опстанокот на модерната македонска држава , ВМРО-ДПМНЕ предводена токму од Христијан Мицкоски кој со својот реализиран патриотизам но и разум е единственот бедем во одбрана на националните и државни и интереси на Република Македонија. Единствено ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски се гарант за иднината на Република Македонија и македонскиот национален идентитет.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ

Да е од Бога благословена и вечна љубовта кон Македонија .

Светата борба за нашата кауза продолжува , до конечната победа.