Натпреварот што требаше да се игра на 2 мај беше одложен за вечерва поради немири и упад на навивачите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ поради протестот против сопствениците на клубот.
Но, тоа не беше се. Пред вечерашниот дуел повторно имаше проблеми предизвикани од навивачите на „црвените ѓаволи“.
Тие со автомобили го блокираа преминот на автобусот со играчи на Ливерпул на улиците на градот.
Проблемот беше брзо решен и тимскиот автобус на играчите на Ливерпул повторно е во движење.
Пред улиците на Манчестер има големо полициско присуство пред овој дуел. Тие се многу попретпазливи од минатиот пат кога беа шокирани по упадот на навивачите на теренот.