Во образложението за одлуката на Министерството се наведува: „1. Лицето што побарало регистрација на здружението АМКЕ ‘Крсте Мисирков’ е присутно во грчкиот судски систем во повеќе случаи; 2. Организацијата не обезбедува привилегии на ниту еден потенцијален корисник; 3. Организацијата никогаш не поднела барање за владин грант од Министерството за култура“.
И покрај Преспанскиот договор, кој Македонија го спроведува и пред роковите набележани во него, грчката држава ја повлече регистрацијата и на македонската организација „Свети Кирил и Методиј – локално друштво Серес“. Таа во својот весник објави дека се залага за изучување на македонскиот јазик во Грција и зборува за постоењето македонски херои одделни од грчките.