Од државата направија ничија земја, а институциите како МВР и ЈО се тромави, нефункционални и скоро бескорисни, истакна пратеникот Драган Ковачки на својот Фејсбук профил.
Само во еден ден убиство на беспомошна жена со 40 (четириесет) убоди со нож во Кочани и двојно убиство со пиштол во Гевгелија!
Какво фајде што жртвите од Кочани и Гевгелија ПРИЈАВУВАЛЕ во Полицијата кога никој не мрднал со прст?
И тоа пријавувале неколку пати, не еднаш!
Каде е превентивната улога на МВР, или откако ќе се случат убиствата ќе излезат со некое бледо соопштение дека се работи на расчистување на случајот?
За што ја имаме и плаќаме полицијата, само за да зема записници кога некој ќе пријави насилство?
Државата повеќе нема авторитет, а нејзините граѓани прибегнуваат кон барање на своја, лична правда.
Оливер Спасовски е влезен во кампања за Претседател на држава, ова не го допира.