На Косово е најдено уште едно тело, со што бројката на убиените напаѓачи се искачи на четири. Лицето немало документи за идентификација. Уште еден од напаѓачите е уапсен, објави Фактор.
Телото е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од вооружени лица ја нападна косовската полиција. Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој додаде дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.
„Oбвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничените напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Соединетите Американски Држави(САД) најостро ги осудиja вчерашните „координирани“ насилни напади врз полицијата на Косово во близина на манастирот Бањска и изразуваат длабоко сочувство до семејството на косовскиот полицаец убиен за време на служба.
Како што кажа државниот секретар Ентони Блинкен денеска, „сторителите на ова злосторство мора да бидат повикани на одговорност преку транспарентет процес“. Ги повика Белград и Приштина да се воздржат до секакви акции или реторика.
Русија внимателно ја следи напнатата и „потенцијално опасна“ ситуација на северот на Косово, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков на редовниот брифинг за новинарите, по нападот во неделата врз косовската полиција во косовското село Бањска.
„Ситуацијата е многу тензична и потенцијално опасна, ја следиме многу внимателно“, изјави Песков и додаде дека „за никого не е тајна фактот што често се организираат провокации против Србите“.
Приодите кон селото се блокирани.