Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување вечерва на 360 степени на МРТ ја содржината на УСБ-ињата кои Никола Груевски ги испраќал во Македонија.

Две од нив биле адресирани до Талат Џафери и Али Ахмети, а третото на некаков начин завршило во ВМРО-ДПМНЕ а било упатено до трет човек.

– На УСБ-то може да се видат измените на кривичниот законик од збор до збор, исти онакви какви што беа донесени. Во описот стои дека истите ќе значат подобрување на односите. Може да се види дека содржината е креирана многу пред да се донесат измените во собрание.  – рече Николоски.

На прашањето на новинарот Попетревски од каде јавноста може да биде сигурна дека автор на таа содржина е навистина Никола Груевски, Николоски одговори дека направена е дигитална форензика која јасно покажува кој е автор и од која ИП адреса и дека истото може лесно да биде проверено.

Според тврдењата, гласањето на кривичниот законик би требало да го ослободи Груевски од голем дел од обвиненијата и говори за негова соработка со СДСМ и работа на уставните измени.