Опозицијата го оцени нацртот како неприфатлив и лицемерен, бидејќи, како што рекоа, властите во РС користат и странски средства.
Во Народното собрание на Босна и Херцеговина на субјектот Република Српска, беше усвоен Предлог-законот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации, кој невладиниот сектор го оцени како дискриминаторски, бидејќи се однесува само на оние невладини организации кои се финансираат со средства од странство.
Усвоен е и Заклучокот на Клубот на пратениците на СНСД на Милорад Додик за организирање јавна расправа за нацртот во следните 30 дена. Предвидено е формирање на посебен регистар во кој невладините организации финансирани од странство би биле означени како агенти на странско влијание. Опозицијата го оцени нацртот како неприфатлив и лицемерен, бидејќи, како што рекоа, властите во РС користат и странски средства.