Просечната бруто плата во август била 995 евра.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во август во однос на јули бележат раст од 1,7 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,4 отсто, објави Монстат.

Во однос на јули, просечната плата без даноци и придонеси во август е зголемена за 2,2 отсто во секторите сместување и услуги со храна, за 2,1 отсто во земјоделството, шумарството и рибарството и во недвижностите и за 1,6 отсто во градежништвото и другите услужни дејности. Уметнички забавни и рекреативни активности еден процент, водоснабдување, управување со отпадни води 0,9 проценти.

Раст е забележан и во секторите Преработувачка индустрија и административни и помошни услужни дејности од 0,6 отсто, државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 0,5 отсто и рударство и вадење камен и трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли по 0,2 отсто.

Намалување на нето заработката во август, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите здравство и социјална заштита за 1,2 отсто, стручни, научни и технички дејности за 1,1 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 0,5 отсто, транспорт и складирање 0,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и информации и комуникации по 0,2 отсто и образование 0,1 отсто.