Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ „Невена Георгиева Дуња”.
Тука, викендов започнаа градежни зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници. Грижата за нашите најмлади е врвен приоритет во делувањето на Општина Кисела Вода и оттаму унапредување на условите во сите училишта во овој дел од градот е инвестиција во нивниот напредок и напредокот на Република Македонија, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.
– Нашите деца, иднината на Република Македонија заслужуваат подобри услови! Овој викенд, од ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња” започнаа градежните зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници. Сето тоа со цел да обезбедиме поквалитетно и непречено изведување на образовно-воспитниот процес, што е и наша приоритетна цел. Кисела Вода, како една од најстарите општини во Македонија мора да се грижи за обезбедување квалитетни образовни услови во своите училишта. Беспоштедно работиме и ќе работиме во сите образовни објекти, бидејќи влогот во најмладите е влог во нашата иднина-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.