Денеска стартува новата сезона во Евролигата. Многумина сметаат дека минатата беше една од највозбудливите во историјата на ова натпреварување. Дали може подобро? Одговорот треба да биде зошто да не. Ова натпреварување со години носи возбудливи завршници и неочекувани сценарија.
18 тимови ќе одиграат 306 мечеви во регуларниот дел. Според новиот формат, оваа сезона ќе се игра плеј-ин, шанса за место во плеј-офот, каде ќе директно ќе се пласираат првите шест екипи, додека пак од седмото до десеттото место ќе играат за последните два билети.
Новата сезона ќе ја отворат Црвена звезда – Асвел, дуелот е закажан во 19 часот. Според информациите кои доаѓаат од српските медиуми, францускиот состав го чека пекол во Белград, повеќе од 20.000 навивачи ќе дојдат да ги бодрат „црвено-белите“, од клубот пуштиле во продажба дополнителни карти.
Денеска силите ќе ги одмерат Макаби – Партизан, Барселона – Анадолу Ефес, Баерн – Алба о Виртус – Жалгирис.
Реал Мадрид е бранител на титулата, минатата сезона дојде до 11 титула во Евролигата, нема причина зошто да не се надева на нов трофеј. Во финалето го совлада Олимпијакос со 79-78 и после пет години се врати на тронот во Европа. Ппрвиот меч го игра утре против Басконија на гости.
Во последниот поредок на најголемите кандидати за освојување на титулата, „кралевите“ повторно се број еден за тронот.