Урбаната заедница 11 Октомври Бараки целосно го менува својот лик. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес, заедно со претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Иван Живковски изврши увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација на краците од улиците “Трајко Иванов”, “Лазар Димитров” и “Петар Драпшин”, и крак на “Лав Тoлстој” кои се протегаат на површина од околу 2500 квадратни метри. Овој зафат се надоврзува на големиот проект за рехабилитација на ,,Петар Драпшин”, кој летово се изведе во партнерство со Министертвото за транспорт и врски, преку кој оваа значајна сообраќајница доби санација на коловозот и тротоарите. Општина Кисела Вода ја уреди и “Лав Толстој”, како и “Ефтим Спространов”, која по активностите добива нов асфалт, тротоари и осветлување.
Едновремено, покрај во обнова на патната инфраструктура која во оваа населба се изведе на повеќе од 11 000 квадратни метри, се инвестира и во зголемување на процентот на зеленило во општината за што говори изградбата на два нови паркови, опремени со урбана опрема.
Сумарно, од населба чии жители 30 години чекаа подобрен лик на улиците и побезбеден сообраќај, 11 Октомври Бараки добива сосема модерна патна инфраструктура и хортикултурно уредување, што целосно го менува изгледот на оваа урбана заедница.
-Денес, заедно со Иван Медо Живковски го означивме стартот на градежните зафати за рехабилитација на неколку улици во населбата 11 Октомври – Бараки, кое беше барање на жителите и мое ветување кон нив.
Се работи за обнова на површина од околу 2500m2 која опфаќа краци од ,,Трајко Иванов”, ,,Лазар Димитров” и ,,Петар Драпшин”, а во периодот што следи ќе ги реконструираме сите улици. Паралелно, на голема површина се градат и два паркови кои ќе бидат ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Кисела Вода, модерни, хортикултурно уредени и со нова урбана опрема. Подобрувањето на патната инфраструктура е значајна за развојот на нашата општина, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја модернизираме и уннапредуваме Кисела Вода, затоа што мојот народ заслужува! Во мојот мандат, нема да има неасфалтирана улица, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.