Утрово имав одлична можност да ја доделам спортската опрема и спортските реквизити на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. Доделивме вкупно 516 комплети на дресови за одбојка, кошарка, фудбал и ракомент, а дополнително секое училиште доби топки за одбојка, кошарка, фудбал, ракомет но и справи за спроведување на вежби за атлетски спортови, истакнува градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Денешниот настан е уште еден доказ дека општината води грижа за спортот, а посебно внимание се посветува на развивањето на училишниот спорт. Преку инвестициите во училишниот спорт, инвестираме во остварување на желбите на талентираните ученици да спортуваат, а преку тоа да другаруваат и да се забавуваат, бидејќи тоа е најдобра превенција од пороците. Ова е уште еден реализиран проект во насока на креирање подобри услови за образование и воспитание на нашите деца. Со овој настан означуваме и почеток на спортските активности помеѓу училиштата кои ќе се реализираат во текот на целата учебна година, истакна Стефковски.