Еден месец по нападот во Бањска, во кој загинаа косовски полицаец и тројца напаѓачи – сите одговорни не се идентификувани.

Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот, е предмет на истрага во Србија, но се уште не е покренато обвинение. Косовските власти бараат негова екстрадиција, како и екстрадиција на другите одговорни и ги обвинуваат властите во Белград дека финансиски помогнале две организации поврзани со овој напад.

Во меѓувреме, Европската унија бара темелна истрага и и се заканува на Србија со мерки доколку нема соработка или ако се утврди дека земјата е поврзана со овој настан. За настаните во Бањска синоќа расправаше и Советот за безбедност на ОН.