Жената (34) која падна во бунар длабок 20 метри во селото Мириловац кај Параќин, според последните информации, починала во болница.

Утринава нешто по 6 часот жената паднала во бунарот, а по час и половина драматична акција пожарникарите успеале да ја извлечат на безбедно и во свесна состојба да ја предадат на екипата на итната помош. .

Жената веднаш била пренесена во болница и за жал, и покрај напорите на лекарите, набрзо по приемот починала бидејќи, според неофицијални информации, имала тешки внатрешни повреди.