Поранешните државни функционери кои се обвинети за организирање за упад во Собранието на 27 април 2017 година, уште еднаш побараа покриеност со Законот за амнестија од 2018 година, специјално дизајниран за лица инволвирани во овие настани. Од Основниот кривичен суд Скопје обелоденија дека тие заедно со нивните законски застапници ова барање го поднеле на рочиште на 3 ноември. Судот ќе ја соопшти одлуката на 14 декември.
Меѓу обвинетите за организирање на настаните од „27 април“ се Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, како и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Владимир Атанасовски. Сите тие се соочуваат со кривично гонење за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Важно е да се напомене дека овие обвинети лица претходно побараа амнестија според законот од 2018 година. Но, нивното барање беше одбиено од Кривичниот суд со образложение дека не ги исполнуваат потребните услови. Потоа, тие поднеле жалба до Апелациониот суд, кој ја поништил одлуката на Кривичниот суд и наредил да се спроведе нова ревизија.
Овој судски процес, на кој на поранешните функционери им се суди за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година, сега се одржува по втор пат. Првично, тие добија затворски казни од шест до шест и пол години. Но, Апелација ја укина оваа пресуда, по што предметот беше вратен на повторно судење.