„Новиот“ акцелератор на Онкологија и не е баш така „нов“ туку е купен пред седум години. По толку долг период, пациентите конечно ќе можат да се уверат во современи и модерни методи.
Тешко болните пациенти ќе добијат четврт ваков уред, а министерот најави пуштање за три месеци.
„За три месеци ќе проработи акцелераторот, а за като-системот одблизу и со претставниците на компанијата имавме неколку онлајн состаноци и тие не уверуваат дека во јуни ќе може да почне со функционирање системот. Затоа што знаете дека кога првпат почнал системот тогаш имало и кадри. Тие кадри веќе не се во клиниката, и ние веќе работиме на тоа да оспособиме кадри“ вели министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Откако со години фаќаше прашина, конечно наскоро се гледа негово пуштање. Пациентите имаат поделено мислење за моменталната ситуација на Онкологија, а по скандалот од пред некој месец голем дел од нив се уште имаат недоверба во системот.