Поради снегот воведена е забрана за движење на камиони на неколку патни правци
По влажни коловози во зимски услови од утрово се вози низ патиштата ширум земјава. Вчера поради снегот што ја зафати државава голем дел од возачите останаа заглавено поради излизгани камиони, а на неколку патни правци беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 06:00 часот, известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

„Забрана за тешки товарни возила имаме на патните правци Гостивар-Стража-Кичево, Крак Маврово-Маврово и Крива Паланка-Деве Баир. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 06:30 часот, известуваат дека се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во 08:00 часот, известуваат дека се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир“, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово.