Израелската затворска служба соопшти дека 39 палестински затвореници биле ослободени денеска според условите на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Соопштението дојде откако 13 израелски заложници беа ослободени на палестинската територија според договорот, заедно со тројца Тајланѓани и еден човек со двојно – руско-израелско – државјанство.