Најмалку едно лице загина откако товарен брод со сол со 14 членови на екипажот потона денеска кај островот Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража.

Според извештаите, 12 лица се водат како исчезнати.

Товарниот брод „Раптор“ под знамето на Коморите бил на пат од египетското пристаниште Ел Декела кон Истанбул кога пријавил механички дефект и упатил повик за помош рано утринава, додаде крајбрежната стража, објави Ројтерс.

„Едно тело е пронајдено во областа“, изјавил за британската агенција претставник на крајбрежната стража, додавајќи дека едно лице било спасено со хеликоптер и пренесено во болница.