Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, објави „Скопје1“.
Според нивни извори во Зоолошката, околу два часа траело спасувањето на жирафата.
Тие побарале и потврда за овие информации од в.д. директорот на институцијата, Зоран Попов, но тој не сакал ниту да потврди, ниту да демантира, туку истакнал дека не може сега да разговара.
Редакцијата на Курир се обиде да стапи во контакт со одговорните лица во ЗОО Скопје, но тие не одговараа на нашите повици.
Екс директорот на ЗОО Скопје, Ѓорги Глетановски се огласи на социјалните мрежи со следната порака:
-Ако е ова вистина Скопје Зоо останува без последната жирафа
Патувај во вечноста Флопи💔незнам што да кажам