– Лесно е да блокирате важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто. Ваквите инвестиции што се прават во земјоделството ниту една банка не ги зема гаранциите што ги даваат самите насади и ги очекуваат од земјиштето. За да можат да продолжи М-6 еден од најголемите инвестотори во М-6 групацијата на еден од најголемите инвеститори во државата во лозарството, но и во сите други области во земјоделието главен предуслов за севкупен економски развој во оваа многу значајна економска гранка во С Македонија е сопственоста на земјоделското земјиште, што е неопходен услов за развој преку соодветни светско познати инвестиции во земјоделието, ако сакаме да бидеме барем рамо до рамо со регионот и со светот, рече Заев.
Тој нагласи дека не постои инвеститор и не постои никаква можност за дополнителен сериозен развој во земјоделството без сопственост на земјиштето.
– Земјиштето нема никој да го носи ни во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа тоа е тука и тука останува. Прашањето го ставаме како ресурс за развој или не. Затоа ја отварам оваа дебата за сите, ние не брзаме, законот е на Енер, нека има дебата нека ги кажат сите своите мислења. Ние дефинитивно имаме најголеми аргументи, зашто оваа работа треба да продолжи, ако сакаме да растеме по бруто домашниот производ во делот на земјоделското производство. Ако сакаме да растеме во зголемување на продуктивноста на земјоделското производство, а да инвестираат сите оние кои работат на македонските ниви дополнително во механизација, во рационализација на трошоците и максимилизација на компетативноста на македонскиот земјоделски производ неопхдност е земјоделското земјиште да биде дадено во сопственост на сите инвеститори, рече Заев.
Заев нагласи дека при тоа ги земаат предвид сите ограничувачки фактори – тоа не може да биде урбанизирано и искористено за градба, не може да биде препродавано во одредени период и рокови и има лимити на колку најмалку хектари можат да одат во продажба.
Тој нагласи дека на ова прашање работат со меѓународни институции ФАО и други што работат со нив и дека вадат практични примери насекаде во светот и користат најдобра практика од европскиот континент.
– Верувам дека овој процес ќе биде силен импетус на развој на македонското земјоделие. Државата не го прави заради пари во буџетот, парите се релативни и ќе помогнат во важни сектори како што е „Транзицијата од јаглен во обновливи извори на енергија“, во дополнителен развој на земјоделието. Од тоа неколку проценти се предвидени да одат за поддршка на локалните самоуправи, односно ќе се делат средствата меѓу Владата и локалните самоуправи,во овој дел, појасни Заев.
Тој информира дека сето тоа ќе се искористи за развој на земјоделието, но и за севкупниот економски развој.
По ова прашање министерот за земјоделство Хоџа појасни дека ова не е првпат што се носи закон за продажба на земјоделско земјиште и дека во 2013 година од претходната власт е донесен закон за продажба на земјоделско земјиште, со многу недоречености и системски проблеми.
– Имало и комисии што земале плати за да одлучуваат за продажба, а никогаш не се направила никаква продажба на земјоделско земјиште, потенцира Хоџа.
Тој појасни дека што се однесува на правото на земјоделците за да купуваат земјоделско земјиште еден од механизмите е јавен повик за тие што веќе имаат земјоделско земјиште под закуп и тука се над 9 илјади договори за закуп, на ниво на држава.
– Тука не се сите богати,тука има земјоделци што имаат по еден хектар,по 3,5, или 10 хектари и сите тие што ќе имаат можност или бизнис план за да можат да кредитираат или да земат заеми од банките за да го развијат својот дел ќе имаат можност да го купат.Доколку тие не сакаат да го купат,тие ќе продолжат со договорите за закуп. Значи во ниту еден случај нема да им се одземе земјоделското земјиште на тие што го работат, појасни Хоџа.
Додаде дека Законот многу јасно, прецизно и безбедно за сите земјоделци и за тие помалите и за тие што сакаат големи површини да се развиваат во делот на економијата.
– Законот има една цел не само инкасирање на средства во буџетот, законот има за цел развојна компонента на економијата. Земјоделството е трета најголема гранка во економијата на нашата држава.Затоа мислам дека за првпат се прави на ваков најтранспарентен начин, на најиклузивен начин, со тоа што ги повикуваме сите што имаат аргументи да ни ги достават, повика.Хоџа.
Тој најави и јавни дебати во Собранието и организирани по региони, а се што е аргументирано тие ќе прифатат,за доброто на земјоделците и земјоделство во државата.
– Така и тоа што се кажува дека ќе може странци да го купуваат земјоделското земјиште не е точно, бидејќи има одредени механизми. Не може странец со 51 отсто основачки влог во компанија да купи земјоделско земјиште, тоа е ставено во Законот. Точно е дека има само еден начин, а тоа се работи за стратешки инвестиции, потенцира Хоџа.
Појасни дека стратешка инвестиција под Законот за стратешки инвестиции е над 30 милиони евра.
Тој на новинарско прашање потврди дека експерите се консултирани, бидејќи предлог законот е направен со пари од ФАО, односно студијата каде што се вклучени од меѓународна институција.
Додаде дека слична ситуација за продажба на земјоделско земјиште има во соседството и во Европа, Хрватска, Романија, Германија и многу други земји што имале успешна приказна од ваков тип.