Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, изворот на нашата духовност и образование. Тој е нашиот закрилник, темелот на славната и древна Охридска архиепископија и патронот на современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија.
Празнувањето на големите државни празници, како и празнувањето на големите црковни празници пред сè е секогаш причина, проникнувајќи во нијансите на безвременското значење и порака на празничниот ден да размислиме и да се сетиме на применливоста на истото во нашето време.
Денеска го славиме просветителството – Патронот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, Свети Климент Охридски Чудотворец – е најзаслужната личност за нашата книжевност, духовност и просвета со продолжување на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј меѓу словенските народи.
Свети Климент е значаен и со основањето на Охридскиот универзитет, кој е прв словенски универзитет во Европа, со што дава огромен придонес за нашата христијанизација, евангелизација и култура.
Со делата на Светите Климент и Наум, нашата земја претставува расадник на словенската црковно-просветна дејност.
Низ годините и Господин Господин Стефан има зборувано многу за светецот Климент.
Архиепископот охридски и Македонски г. г. Стефан во своето обраќање порача дека само патот што ни го покажал спасителот, само тој пат доаѓа од Бога и води кон Бога.
– Тој пат на вистинската вера, на неисцрпната надеж и на неизмерната љубов на нашите простори го покажал уште апостолот Павле, а потем во црковното рановековие по него оделе, а и другите ги подучувале по него да врват бележити црковни дејатели од нашите краишта, од кои некои дури и се удостоиле да бидат учесници на значајни црковни собири уште во четвртиот и петтиот век. Во шестиот век, пак, евангелскиот пат бил покажуван преку првата организирана самостојна црква на нашите простори Јустинијановата архиепископија, позната како Јустинијана Прима – вели тој.
Најголемото осветлување на патот, како што истакна г. г. Стефан, што води во вечен живот, се случило по сеопштото упатување на нашите предци во втората половина на деветтиот и првата половина на десеттиот век и тоа најмногу благодарение на неуморното црквољубно и домољубно .