Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Загребска“ и околу црква Св. Јован Крстител во општина Центар.

Без струја во периодот од 11.00 до 12.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата „Костурски Херои“ (29-ти ноември) бр.9 и 17., дел од ул. „9-ти Мај“, ул.„Петар Поп Арсов“ бр.18, и 14А, во општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од село Морани, општина Студеничани.