Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со 8 членови на ДУИ од Чаир упаднале во институцијата и нападнале вработени во радарската соба каде што е сместена обласната Контрола на летање и каде што се водат прелетите, во 2010 година исто така натепал контролор на летање, објави Сакам да кажам.
Имено, Незири тогаш беше член на Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори, а нападнал контролор на летање кој како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот. Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани.
„Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за ‘неговите’. Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема ‘наши’ и ‘ваши’. Продолжението го знаете, ме плисна со вода“, изјави тогаш Поповски, а Незири негираше дека го плиснал со вода, изјавил тогашниот претседаттел на У. О на М- НАВ , Живко Поповски, пишува СДК.
Сепак, контролорот е избркан од работа, формално врз основа на тоа дека пет дена неоправдано отсуствувал од работа, а всушност Незири електронски му го избришал боледувањето додека овој се опоравувал од тепањето. Контролорот потоа тужел на суд и го добил процесот, а откако и неговата сопруга била избркана од работа во Клиничкиот центар, тие се преселиле во една скандинавска земја каде што тој и сега работи во Контрола на летање.
Беким Незири е претседател на партискиот огранок на ДУИ во скопската општина Чаир. Тој во време на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше на неколку високи политички функции, меѓу кои и како еден од директорите на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија во Владата на Никола Груевски, по што секогаш се враќа во М-НАВ на гарантирано работно место.