Беким Незири, кој ги отвори вратите на радарската кула и кој им дозволи на насилниците да влезат во згратата на М-НАВ, во моментов е во полициска станица, објави Телма.

Откако со часови беше недостапен за полицијата, Незири утрово бил приведен во полициска станица.

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.