ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд да се преиспита законот за личните документи и важноста на патните исправи. Од партијата бараат пасошите, возачките дозволи и личните карти да важат и по 12 февруари, односно до датата според која се пропишани.
За оваа проблематика утрово во прес-конференција се огласи портпаролот Наум Стоилковски, а за овој голем проблем вечерва во гостување на ТВ24 зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според Мицкоски Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата од неговата партија, бидејќи така ќе се намали тензијата кај граѓаните.
Уставниот суд како највисок орган на државата може веднаш да се состане и да донесе мерка, односно да ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот Мицкоски.
Мицкоски ова го оцени како понижување на граѓаните, а ситуацијата дека е алармантна.
Мицкоски најави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ: Европски фронт ли е тој што влегуваше во М-НАВ?
Инаку, големите гужви за вадење и подигнување лични документи следуваат откако владата нареди дека по 12 февруари нема да бидат признаени документите кои нема да содржат „Северна“.
Проблем освен со подигнувањето има и со закажувањето за сликање, а страшно големи редици има и во полициската станица „Пролет“. Луѓе уште од 5 наутро чекаат да се сликнат за лични докуемнти.