Случајот со М-НАВ, личните карти, претседателскиот кандидат, изборите кои следат, кадрите кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ се само дел од темите за кои вечерва зборуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ24.

Слуачј М-НАВ

Наспорти тврдењата за „европскиот фронт“ Мицкоски праша дали е европски фронт тоа што се случуваше во М-НАВ. На прашање за европскиот фронт на СДСМ и ДУИ тој потенцираше дека не може европски фронт да биде тој кој што влегува во македонска навигација и шамара вработени и го загрозува небото на земја членка на НАТО.

Европски фронт ли е тој што упаѓа во македонска навигација, што шамара вработени и што го загорзува небото на земја членка на НАТО, праша тој.

Проблем со вадење и подигнување лични документи

Некаде околу милион и двесте илјади патни исправи до овој момент се издадени отприлика од два милиони и 500 илјади колку што вкупно се издадени и треба да се променат согласно тој закон, што значи дека еден милион и 300 илјади треба допрва да се променат. Имајќи го во предвид капацитетот, цениме дека е потребно најмалку година дена да се заврши на овие милион и триста илјади на процесот на сликање. Е сега тука се појавува уште еден предизвик со информациите со кои ние располагаме има некаде околу 30.000 обрасци кои што ги има министерството, и 10.000 кои што се двојазични на албански јазик. Тоа значи дека сите оние моментално кои што се во процес на сликање, тогаш ќе се исцрпи капацитетот на моментално расположливите обрасци, а нови нема бидејќи тие ќе стигнат во март, изјави Мицкоски.

Иден коалиционен партнер

Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата

Мицкоски беше конкретен дека во втората половина веќе јавноста ќе има јасна слика за настапот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери.

Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната Коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседелски кандидат

На новинарско прашање и наведување на повеќе претседателски имиња кои кружат низ јавноста, а ставајќи се акцент на професорката Гордана Силјановска – Давкова.

Сите оние имиња кои во јавноста циркулираат на некаков начин беа во нашиот периметар кој го меревме како јавно мислење. Не можам да дефинирам кои се тие имиња, но во второата половина на февруари ќе бидете сведоци на одговорот, вели тој.

ЕУ останува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ

Наспроти тврдењата на СДСМ и ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска, Мицкоски алудираше на тоа дека ЕУ е на прво место за ВМРО-ДПМНЕ, но не по секоја цена и не по бугарски диктат.

Не ја прифаќам тезата: Ако сте за ЕУ гласајте за уставни измени. Волјата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.

Како ќе се реши проблемот со Бугарија?

Мицкоски рече дека бугарското НЕ следува како последица, а дека по изборите е спремен да седне на маса со бугарското раководство.

Не најдовте ни пет минути да видите што ВМРО-ДПМНЕ мисли. Подготвен сум веднаш по изборите да седнеме и да разговараме со раководството во Софија