Сојузништвото и соработката со САД кои траат со децении се клучни за нашата стабилност и за напредокот на патот до нашето членство во ЕУ.
Во пресрет на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан, верувам дека ќе реализираме плодоносна средба со што ќе ја зацврстиме успешната реализација на евроинтеграцијата на нашата држава и регионот на Западен Балкан до 2030 година, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на фејсбук.