Во долгата реакција на Фејсбук, со која директно му се обраќа на државниот секретар Антони Блинкен, Бериша вели дека со оваа одлука бил информиран од медиумите и додава дека во текот на 30 години во политиката немало обвинение против него, од кое било лице, ниту од некоја локална или странска институција за злоупотреба на средства и каков било друг облик на корупција.
Исто така наведува дека членовите на неговото семејство никогаш немале корист од јавни фондови и средства и никогаш не биле обвинети од албанското или правосудството на која било друга земја.
Бериша го предизвикува државниот секретар Антони Бликен да ги објави јавно сите факти и документи со кои располага американската администрација или кој било во светот за да го аргументираат своето тврдење пред самиот поранешен премиер и неговото семејство.
– Никогаш не тврдејќи дека сум непогрешлив, треба да ви гарантирам дека се чувствувам горд на сите мои ставови и да ве уверам дека тие биле и ќе бидат мотивирани само од јавниот и националниот интерес на албанската нација и вистината, кои, ги бранев на ист начин како и денес и во времето кога младите Албанци беа погубени на границата за остварување на нивниот американски сон. Искрено Сали Бериша, стои на крајот од реакцијата.
Инаку, во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен, како и на објавата на официјалната веб-страница на Стејт департменот, стои дека „ во негово официјално својство, посебно како премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни активности, како на пример злоупотреба на јавни фондови, вмешаност во политички процеси, вклучително и употреба на моќ за лична корист и збогатување на политичките сојузници, како и членови на семејството“.
– Покрај Сали Бериша, јавно објавувам дека и неговата сопруга, Лири Бериша, неговиот син, Шкелзен Бериша и неговата ќерка, Аргита Бериша Малтези. немаат право да патуваат во САД, наведува Блинкен.