Државната полиција имала претходни информации дека во товарно комбе, кое доаѓало од Англија, имало голема колична пари. Од оваа причина, во соработка со царинските органи, извршени се детални проверки со скенер, каде се пронајдени скриени неколку пакувања, во кои имало британски фунти.

Приведен е возачот Ј.И.(20) од албанскиот град Хас ,,кој негирал дека има какво било сознание дека во возилото со кое вршел транспорт на стока Англја-Албанија, има и пари.

– Пред една недела, британската влада ја карактеризираше Албанија за земја со многу можности за перење пари кои доаѓаат од криминалниот свет. Британските медиуми, пак, претходно, објавија дека албанските криминални групи во Англија пари добиени од трговија со кокаин во Албанија ги пренесуваат на разни начини. Еден од нив е употреба на комбиња кои превезуваат стока од Англија до различни албански градови, пренесува Топ чанел.

Се дознава дека таксата за нелегален транспорт на пари се движи од 15 до 20 отсто од износот што поединците се заинтересирани да го трансферираат во Албанија.

Во текот на минатата година, според податоците објавени од албанската царина, има повеќе од 15 случаи кога на лица кои патувале од Лондон до аеродромот во Тирана им биле запленети од 25 илјади до 70 илјади фунти.

Еден случај во кој се запленети над 120.000 фунти скриени во машина за перење е откриен на граничниот премин Какавија, на албанско – грчката граница.