На 03.02.2024 во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(39) од Скопје и патничко возило „јонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(42) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., додека со телесни повреди се здобиле А.Т.Б (38) и двајца малолетници, сите од Скопје, сопатници во нејзиното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.