– На 19.05.2021 околу 09>00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Маврово, поточно на двосед стазата во ски-центарот „Заре Лазарески“, О.Ц.(54) од Скопје, управувајќи четирицикл, сопственост на ски-центарот, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата, тој и сопатникот М.Д.(45) од Битола, двајцата вработени во ски-ценарот, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во медицински установи во Скопје, соопшти полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.