– На 19.05.2021 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со ул.„Пиринска“ во Скопје, велосипедистка Е.П.(50) од Скопје удрила во отворена врата од запрено такси возило, кое по незгодата го напуштило местото. Е.П. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.