Вработените во Итната помош во Тихуана, Мексико ги дочека вознемирувачка сцена.
Двајцата мажи биле без свест, двајцата едвај живи. Била повикана брза помош поради сомневање за предозирање со фентанил, јавува Би-Би-Си.
Итната помош предупредува дека на улиците има сѐ повеќе фентанил. Станува збор за синтетички опијат кој е 50 пати посилен од хероинот.
„Гледаме две до три предозирања секоја вечер. Но, порано имавме шест, седум такви случаи на иста локација. Тие се дрогираат во групи“, рече Габриел Ваљадарес од одделот за итни случаи.
Веднаш по пристигнувањето на теренот, лекарите почнуваат да администрираат вештачко дишење и да подготвуваат дози на Наркан, лек кој ги намалува ефектите на фентанил. Можно е мажите да не ни знаеле дека земале фентанил. Дрогата е толку евтина и лесна за производство и транспорт што мексиканските картели почнаа да ја продаваат наместо кокаин.
Тихуана има многу проблеми со дрогата. Секој трет починат имал траги од фентанил во крвотокот. Претседателот го негира проблемот. Вработените во итните служби и центрите за лекување на зависности предупредуваат дека проблемот се става под тепих. Федералната влада престанала да го финансира производството на Наркан, па сега мексиканските лекари се зависни од донации од САД.
Но и југот на САД има проблем со фентанилот. Секој ден, пет Тексашани умираат од предозирање со опијати. Некои републиканци дури бараат војската да оди во Мексико и да се спротивстави на картелите кои увезуваат фентанил.