Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нападот што го изврши Хамас во Израел на 7 октомври е „најголемиот антисемитски масакр на нашиот век“.

Говорејќи на државната церемонија во чест на Французите убиени во нападот, Макрон кажа дека секој ден се бори за ослободување на тројцата Французи за кои се верува дека сè уште се заложници на палестинското исламистичко движење.