Македонија е класифицирана со оценка четворка, односно со оценка „систематско кршење на работничките права“, заедно со земји од третиот свет. Полоши од Македонија се само работничките права во Палестина која е зафатена од неколкудеценсики конфликт, Сомалија, Судан, Сирија, Јемен, Либија, Бурунди и Централно Африканска Република.


Македонија е во друштво со Кенија, Џибути, Боцвана, Уганда, Замбија, Конго и низа други земји од т.н. трет свет по почитувањето на работничките права според извештајот на Mеѓународната Конфедерација на синдикати, извештај кој се смета за најрелевантен кога станува збор за оценување работничките права во земјите низ светот.

Од Македонија подобро се рангирани сите Балкански земји, освен Србија. Со подобра оценка се Црна Гора, Албанија, Бугарија, Хрватска и Словачка. Но подобри се и африканската Того, Мозамбик, Буркина Фасо.


Оценката која ја доби Македонија – 4, односно „Систематско кршење на работничките права“, означува дека во земјата се работничките права се кршат од страна на Владата и компании блиски до владата. Владата е вклучена во систематско уништување и задушување на колективниот глас на работниците и нивно организирање во синдикати.