Кризата на границата во Тексас доведе до пораст на популарноста на идејата за независност на оваа погранична американска држава, пишува „Њузвик“.
Според истражувањето што го презентира изданието, 44 отсто од испитаниците сакаат Тексас да се отцепи од САД, 35 отсто не се сигурни, а 16 отсто нема да ја поддржат државната независност.
Од агенцијата „Redfield & Wilton Strategies“ анкетирале 814 граѓани со право на глас во Тексас за различни политички прашања.
На прашањето: „Дали сегашната мигрантска криза прави повеќе или помалку шанси да ја поддржите независноста на Тексас?“ – 23% одговориле „многу поверојатно“, а други 21% одговориле „поверојатно“.
Опозицискиот политиколог, професорот Мет Квортруп, вели дека резултатите од анкетата покажуваат високо ниво на Тексашки национализам, нешто што централната власт треба да го сфати сериозно.