Гласањето го поддржаа и 19 Републиканци кои застанаа зад законот. Пакетот од 95 милијарди долари вклучува средства за борбата на Израел против Хамас (14 милијарди долари) и за клучниот стратешки сојузник Тајван (4,83 милијарди долари), но лавовскиот дел оди на Украина, која треба да ги надополни своите исцрпени резерви на муниција оружје и други витални потреби – 61 долари милијарди долари.
На потег е Претставничкиот дом
Се чека гласање во Претставничкиот дом, каде што не се големи очекувањата дека ќе помине овој закон.
„Претставничкиот дом нема да го одобри предлог-законот на Сенатот кој ќе обезбеди милијарди дополнителна помош за Украина“, изјави републиканецот Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД, пренесе АФП.
Промена во политиката за имиграција
Републиканците го бојкотираа предлог-законот бидејќи не вклучува промени во политиката за имиграција на САД.
„Републиканците од домот беа многу јасни од самиот почеток дека секое таканаречено дополнително законодавство за национална безбедност мора да признае дека националната безбедност започнува на нашата сопствена граница“, рече Џонсон.