Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од почетокот на наредната недела облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд. Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд