Тројца млади лица лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција.
Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај, информираат од полицијата.
Во Општата болница Бар се хоспитализирани Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по живот.
До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди а3“ со улцински регистарски ознаки управуван од Н.Д. и возило „сеат“ со барски регистерски таблици управуван од Б.Б.(20).