Во утринските часови во градскиот парк кај фонтаната ,,Лотос“ имаше уште една од повеќето предвидени герила-акции од уметникот Озбек Ајваз. Овој пат тој преку скулптура визуелно ја претставува бактеријата ешерихија коли.
„Проширувањето на бактеријата ешерихија коли поради недостиг на јавни тоалети во Скопје како метропола на оваа држава претставува сериозна здравствена опасност“, велат активистите.
Ешерихија коли е патогена бактерија, која се наоѓа во долниот дел на човековиот дигестивен тракт и не смее да дојде во горниот дигестивен тракт (желудник, хранопровод, тенки црева) бидејќи во тој случај таа може да предизвика сериозни гастроинтестинални инфекции кај луѓето.
Со недостигот на јавни тоалети граѓаните се ставени во неудобни ситуации бидејќи не може да одржат адекватна хигиена, што зголемува ризик од заболувања што се пренесуваат преку контакт, како што е наведената бактерија.
За да се намали овој ризик и да се обезбедиат подобра хигиена и здравје за граѓаните, неопходно е да се инвестира во изградба и одржување доволен бројјавни тоалети во градот. Освен тоа, потребни се и стратегии за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на хигиената и користењето на јавните тоалети.