Во насока на обезбедување на нови содржини во Аеродром, заврши реализацијата на уште еден проект. Со садење зелени садници, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, официјално го пуштија во употреба новиот парк „23 Октомври“ лоциран во Стар Аеродром.Благодарение на заложбите на Општина Аеродром и поддршката од општествено-одговорна компанија, аеродромци добија уште една зелена површина на простор од 2300 квадратни метри, целосно партерно уредена, со ново осветлување, со постоечко и ново зеленило, како и современи реквизи и урбана опрема за забава и рекреација.

Градоначалникот Тимчо Муцунски за почетокот на есента најави реализација на нови инвестиции на неколку локации во Аеродром, притоа се заблагодари за поддршката и соработката на сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект.

„Се радувам и се гордеам со ваквите проекти затоа што со нив создаваме урбани површини што ќе траат долго и ќе бидат полни со живот. Активностите за позелен и поубав Аеродром не застануваат тука, а почетокот на есента ќе го одбележиме со уште неколку зелени и спортски катчиња на неколку локации низ општината“, истакна Муцунски во својата Фејсбук објава.