Држејќи прес-конференција на албански јазик каде зборуваше за актуелностите Џафери вели дека во следните 50 дена сите 100.000 граѓани кои чекаат документи може да земат нови.
Видно нервозен техничкиот премиер Талат Џафери вели дека до март сите можат да се опремат со нови документи. Тој вели дека пресметал дека со оваа динамиката на издавање над 90.000 пасоши месечно, во март сите оние кои поднеле ќе можат да земат документи.
На темата за издавање лични документи тој влезе во клинч со новинарите.
Џафери наиде на уште една нелогичност. Имено, тој упати критики кон Панче Тошковски, а отпосле објасни дека месечно има околу 100.000 апликации што значи дека динамиката е задволувачка. Нелогично е како ако е незадоволен од Тошковски тогаш сега е задоволен од динамиката е задоволувачка.
„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика 100те илјади што се вртат информациите, луѓе што немаат документ, со оваа динамика во текот на март месец ќе можат сите да се опремат со соодветни документи, но мора да иницираат барање“, вели Џафери.
Новинарите на денешната прес конференција му објаснија дека документите кои што се издадени во февруари се аплицирани уште во декември, но тој се правдаше дека ги објавува информациите кои што ги добил.