Автомобил се заби во портата на Бакингемската палата утрово во 2.30 часот. Сликите на социјалните мрежи покажаа автомобил пред капијата на палатата, а британските медиуми цитираа сведок кој вели дека слушнал „гласен удар“.
Полицијата соопшти дека тоа се случило во раните утрински часови.
„Вооружените полицајци уапсија маж на местото на настанот под сомнение за намерно оштетување на туѓ имот. Тој е пренесен во болница. Нема пријавени повреди“, се вели во соопштението на лондонската полиција, додавајќи дека фактите и околностите на случајот се уште се истражуваат.
Можете да погледнете и видео на кое полицијата му вели на напаѓачот кој го апси „Држи ги рацете на главата“.
Ниту еден член на кралското семејство не бил во Бакингемската палата во моментот на инцидентот, а оштетувањата на порталот моментално се санираат.